Во Америка во февруари се отворени 150 000 работни места, но и покрај тоа, невработеноста порасна на 4,1 насто поради заканите на претседателот Трамп со трговски војни и најавите дека од САД ќе бидат вратени милиони имигранти.
Сојузната влада затвори 10 000 работни места, најмногу од јуни 2022, а економистите очекуваат дека отпуштањата на Трамп ќе имаат големо влијание врз мартовскиот извештај за пазарот на трудот.

Рестораните и баровите минатиот месец отпуштија речиси 28.000 луѓе, а во јануари околу 30.000.
Се очекува дека вработувањето ќе забави и невработеноста ќе расте додека Трамп продолжува да ја намалува потрошувачкаа на програми и федералната работна сила, додека им наметнува царини на трговските партнери.
Намалувањето на потрошувачката најверојатно ќе се прелие врз приватниот сектор, ќе ги погоди претприемачите и непрофитните организации, додека трговската војна се очекува да се засили.
Слични новости
Трамп ги удвои царините за канадските метали
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио
Нафтата поскапе кон 70 долари
Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник се тргува внимателно, а берзанските индекси стагнираат, по вчерашниот значителен пад