Еден ден по страотните поплави кои го зафатија граничниот регион меѓу Непал и Кина, ужасниот биланс на трагедија продолжува драматично да се влошува.

Повеќе стотици лица засега и официјално се водат како загинати во катастрофалните поплави кои уништија критична инфраструктура и ги отежнаа спасувачките операции, вклучувајќи и потрагата по над повеќе од 1300 лица кои засега се водат како исчезнати, меѓу нив и 700-тини странски државјани.

 

Над 177 луѓе во двете земји се потврдени како загинати во поплавите, додека спасувачките операции и потрагата по евентуално преживеани луѓе продолжува, иако во исклучително тешки околности.

Американскиот геолошки центар соопшти дека лавина од глечер, што се случува кога огромно парче мраз се крши од глечерот и паѓа по падината, е одговорно за катастрофата.

Слични новости

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на Петар Маѓар

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на Петар Маѓар

Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.