Европските берзи тргуваа претпазливо во средата претпладнето, бидејќи инвеститорите чекаат нови квартални деловни извештаи од компаниите, а повеќето берзански индекси благо паднаа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 отсто во претпладневниот пресек од тргувањето, откако порасна во првите два дена од оваа седмица. Претпладнево лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,48 отсто на 9.470 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,19 отсто на 24.285 поени, а парискиот CAC 40 падна за 0,66 отсто на 8.205 поени.

Берзите се претпазливи откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја одложи планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин за мир во Украина. Дополнително, Трамп изјави дека можеби нема да има средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг за трговските односи, која беше планирана за средината на следната недела

Цените на акциите исто така паднаа на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, се намали за 0,2 отсто во истиот термински пресек како и во Европа, откако вчера го достигна највисокото ниво за повеќе од четири ипол години.

Цените на акциите во Индија и Јужна Кореја се зголемија за меѓу 0,1 и 1,6 отсто, додека во Јапонија, Шангај, Австралија и Хонгконг паднаа за меѓу 0,1 и 1 отсто.

Јужнокорејскиот индекс Коспи, кој порасна за повеќе од 60 проценти од почетокот на годината, достигна нов рекорден максимум утрово, бидејќи инвеститорите се надеваат дека САД и Јужна Кореја наскоро ќе постигнат трговски договор.

Индексот Nikkei на Токиската берза, исто така, достигна нов рекорден максимум за време на тргувањето, откако јапонскиот парламент вчера ја поддржа Санае Такаичи, лидерка на Либерално-демократската партија, како прва жена премиер во историјата на земјата. Ова има позитивен ефект врз берзата, бидејќи се очекува Такаичи да се залага за стимулирачка економска политика и против зголемување на каматните стапки.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена