Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

„Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 сѐ уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

globe

Слични новости

Филипче: Никој не смее да биде поштеден, од нас зависи како ќе излеземе од сето ова

Филипче: Никој не смее да биде поштеден, од нас зависи како ќе излеземе од сето ова

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска побара целосна, транспарентна и објективна истрага за причините за несреќата во Кочани за враќање на, како што рече, срозаната доверба на граѓаните во институциите на државата.

Оддадена почит од студенти и професори на УКИМ, Книга на жалост пред Правниот факултет

Оддадена почит од студенти и професори на УКИМ, Книга на жалост пред Правниот факултет

Стотици студенти денеска се собраа на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје каде одржаа заеднички час за да оддадат почит на 59-те лица кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.