Федерико Оливиери, попознат како Оли во својата татковина, ќе ја претставува Италија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Базел, откако победи на 75. издание на фестивалот Санремо со песната „Balorda Nostalgia“.
Дваесет иосумгодишникот од Џенова и пред две години беше победник на Санремо.
Песната „Balorda Nostalgia“ зборува за спомените од минатото кои одеднаш повторно се појавуваат и повторно носат болка.

„Чувството многу ни е познато нам кои доаѓаме од морето“, рече Оливиери.
Оли комбинира поп, хип-хоп и електронска музика, а моментално е на турнеја по Италија, каде настапува во преполни сали.
Италијанската јавна телевизија RAi го емитуваше фестивалот во живо пет последователни вечери, при што гледаноста понекогаш надминуваше 70 проценти.
Италијанскиот фестивал на забавната музика Санремо се одржува секоја зима од 1951 година и е најстарото натпреварување од ваков вид во Европа.
Слични новости
Донатела Версаче веќе не креативен директор на брендот
Донатела Версаче ќе се повлече од функцијата главен креативен директор на брендот Версаче по речиси три децении во оваа улога, објави во четвртокот сопственикот „Capri Holdings“
Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба
Џеф Даниелс се придружи на кастот за третата сезона од серијата „Shrinking“
Серијата „Shrinking“на Ејпл ТВ го ангажира двојниот добитник на наградата Еми Џеф Даниелс во кастот за третата сезона.