Филмот „Нирнберг“ на режисерот Џејмс Вандербилт со Расел Кроу во улогата на командантот на „Луфтвафе“ Херман Геринг, се занимава со психологијата и деконструкцијата на злото и е најавен како еден од фаворитите за годинешните Оскари. Нирнбершкиот процес на кој беа документирани и обелоденети пред светот стравотните злосторства на нацистичката власт во Германија, меѓу другото имаше за цел и да ослободи цела една нација од колективна вина, но и да испрати порака дека светот веќе нема да толерира агресии и воени злосторства, со создавање специјални трибунали.
Но, во целата приказна одзвонува и една мисла на Херман Геринг дека Американците не се морално супериорни во однос на него, туку дека тој се наоѓа во таква позиција затоа што ја загубил војната. Таков процес беше воден и против политичкото раководство на Јапонија, кое резултираше со бесење на Тоџо, за што Черчил рече дека е бесмислено бидејќи во некои идни војни, политичките лидери ќе се борат до смрт и истребување, бидејќи нема што да загубат ако сеедно ги чека смртна казна.
Контроверзата на тоа судење е дека Јапонците беа виновни за напад врз Перл Харбур -легитимна воена цел, а од друга страна за најголемото злосторство против цивилно население – фрлањето атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки, Американците не одговараа.
Забележана е опаската на генерал Маршал до тогашниот претседател на Америка Хари Труман: „Среќа што ја добивме војната, во спротивно бездруго ќе одговаравме за злостроство против човечноста“.
Поенатата на сево ова е дека „правдата“ ја диктира победникот. Затоа и мировните услови за крај на војната во Украина се поочигледно ги диктира Москва, а не „жртвата“ на војната Киев. Ситуацијата на бојното поле е таква што продолжувањето на војната би ја ставило Украина во уште потешка позиција за преговарање и веќе на сите им е јасно дека за да издејствува мир Украина ќе мора да се откаже од територии и членство во НАТО.
Не дека силата не ги диктирала релациите во меѓународните односи од памтивек, но со создавањето на Обединетите Нации и разни други механизми на меѓународното право и политика, еден извесен период доминираше уверувањето дека меѓународните односи сепак ги диктира меѓународното право, а не голата сила.
По промената на администрацијата во САД и доаѓањето на власт на Доналд Трамп работите сосема се сменија. Вашингтон веќе не се ни труди за некаков привид дека работите ги движи меѓународното право, туку јасно става до знаење дека силните се договараат за поделба на пленот.
Освен Украина, која останува осакатена и за територија и економски, иако херојски одолеваше со години на руската агресија, голем губитник на оваа војна е Европа. Таа го загуби местото на преговарачката маса, а Брисел, Лондон, Париз и и Берлин немоќно го следат прекројувањето на европските граници, свесни дека се немаат сила било што да променат.
По падот на Берлинскиот ѕид живеевме во свет на доминација на САД и на нивните европски сојузници. Сега на масата, бездруго се враќа Москва, а најголеми претензии за учество на таа „маса“ има Пекинг, кој се чини допрва ќе ги покаже своите амбиции по окончување на војната во Украина.
Слични новости
Абре Македонче…
За времето на ерата на пропагандите Македонците ги тепаа своите деца за да плачат, зошто кога плачат забораваат дека се гладни и не бараат за јадење.
Либералната демократија се проголтува самата себе
Ако во еден момент престанат разликите меѓу политиките на САД, наспроти Кина или Русија, западните вредности, како демократијата, владеењето на правото, човековите права, слободата на говорот, ќе бидат крајно загрозени, или сосема ќе исчезнат.
Победата на Трамп и кризата на традиционалните медиуми
Кампањата на Трамп не беше фокусирана дури ни кај традиционалните медиуми кои го поддржуваат како медиумите на Руперт Мардок. Очигледно е дека Трамп и неговите советници за кампања и медиуми подобро и повеќе знаеја која е Америка, што гледа и што слуша, откако нивната стратегија доби јасна верификација со изборниот резултат.


