Во 15-то коло од кошаркарската Евролига, Реал Мадрид ја победи Басконија со 94:87, а Марио Хезоња го предводеше „Кралскиот клуб“ со 17 поени, четири скока и три асистенции. Факундо Кампацо додаде 16 поени и пет асистенции, додека Тео Маледон додаде 15 поени. За Басконија, Маркус Хауард постигна 22 поени, а Тимоте Луваву-Кабарот постигна 20 поени.

Ова беше деветта победа на Реал во сезоната и четврта по ред.

Милан го победи Панатинаикос со 96:89. Армони Брукс го предводеше италијанскиот тим со 26 поени, додека Костас Слукас постигна 19 поени на другата страна.

Валенсија исто така победи, совладувајќи го Анадолу Ефес со 94:82. Камерон Тејлор постигна 20, а Метју Костело 15 поени за победничкиот тим, а Џордан Лојд и Исаја Кординие постигнаа по 18 поени за Ефес.

Во дербито на дното, Макаби Тел Авив  на домашен терен во финишот го скрши отпорот на Асвел и победи со 92:84, остварувајќи ја својата петта победа, додека францускиот тим го забележа својот 12-ти пораз. Лони Вокер со 29 поени и девет скока и Роман Соркин со 26 поени го предводеа израелскиот тим, додека Глин Вотсон беше најефикасен кај Асвел со 21 поен.

globe

Слични новости

Орландо со пресврт против Мајами

Орландо со пресврт против Мајами

Орландо Меџик и Њујорк Никс се тимовите кои ќе се борат за место во Источната конференција во финалето на НБА Купот, откако ги победија Мајами Хит и Торонто Репторс во четвртфиналето