Фудбалерите на Ливерпул на својот „Енфилд“ го победија Брајтон со резултат 2:0. Арне Слот реши и денеска да го изостави Мохамед Салах од стартната постава, но брзо го воведе во игра, откако во првото полувреме се повреди Џо Гомез и бараше замена, а го замени токму Салах што предизвика бурни аплаузи на „Енфилд“.
Стрелец на двата гола за Ливерпул беше Уго Етеките во првата и шеесеттата минута од натпреварот.
Во вториот натпревар од 1600 часот Челси на домашен терен го победи Евертон со 2:0. Стрелец на првиот гол беше Кол Палмер кој се врати во составот по повредата и кому ова му е прв гол уште од 17 септември. Челси натпреварот го реши уште во првото полувреме кога Мало Густо ги постави конечните 2:0.
Слични новости
Паоло Дибала се враќа во Аргентина
Најзаинтересирана за Дубала е Бока јуниорс, а и самиот Дибала сака да игра за славниот клуб на еден од најпознатите стадиони во светот „Бонбоњера“.
Чаби Алонсо ќе добие отказ во Реал, ако тимот викендов не го победи Алавес
Управата на Реал Мадрид сака актуелниот тренер Чаби Алонсо да добие шанса и да остане на клупата на Реал Мадрид барем до јануари и дербито со Атлетико од Мадрид.
Јокиќ повторно лидер во победата на Денвер
Во Сакраменто, домашните Кингс беа убедливо поразени од Денвер Нагетс со резултат од 136:105. Гостите ги предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 36 поени, 12 скока и осум асистенции


