Ветеранот Стеф Кари како да не старее. Доби уште еден меч против младата суперѕвезда Виктор Вембенјама во рок од неколку дена. Голден Стејт како гостин го победи Сан Антонио со 109:108 во возбудлив меч, во кој Стеф Кари постигна 49 коша од кои 9 тројки.

Кари во второто полувреме постигна 31 кош, од кои последните два од слободни фрлања шест секунди пред крајот на мечот, кои ја направија разликата во полза на Голден Стејт.

Виктор Вембенјама даде 26 коша со 12 скокови, 4 асистенции и 3 блокади.Мечот наликуваше на плеј оф натпревар, затоа што судиите во три наврати мораа да ги раздвојуваат Вембенјама и Дрејмонд Грин.

 

 

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа