Реал Бетис беше поразен од Атлетико Мадрид со 0:2 во последниот натпревар од 10-то коло од шпанското фудбалско привенство одигран во понеделникот вечерта.

 

Гостите поведоа во третата минута со голот на Џулијано Симеоне, а во последните моменти од првото полувреме Алекс Баена постигна гол за конечните 2:0.

Домашниот тим во текот на натпреварот изведе 17 удари кон голот на противникот, а Бетис најблиску до гол беше 59. минута кога Абде Езалзули од слободен удар ја погоди пречката. Десет минути подоцна одлична шанса имаше и Џовани Ло Селсо, но неговиот удар го одбрани Јан Облак.

Победата го искачи Атлетико на четвртото место со 19 бода, осум зад лидерот Реал Мадрид. Барселона е втора со 22 бода, додека Виљареал е исто така пред Атлетико со 20 бода. Реал Бетис сега е шести со 16 бода.

globe

Слични новости

Јокиќ повторно лидер во победата на Денвер

Јокиќ повторно лидер во победата на Денвер

Во Сакраменто, домашните Кингс беа убедливо поразени од Денвер Нагетс со резултат од 136:105. Гостите ги предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 36 поени, 12 скока и осум асистенции

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Во 15-то коло од кошаркарската Евролига, Реал Мадрид ја победи Басконија со 94:87, а Марио Хезоња го предводеше „Кралскиот клуб“ со 17 поени, четири скока и три асистенции