Реал Бетис беше поразен од Атлетико Мадрид со 0:2 во последниот натпревар од 10-то коло од шпанското фудбалско привенство одигран во понеделникот вечерта.
Гостите поведоа во третата минута со голот на Џулијано Симеоне, а во последните моменти од првото полувреме Алекс Баена постигна гол за конечните 2:0.
Домашниот тим во текот на натпреварот изведе 17 удари кон голот на противникот, а Бетис најблиску до гол беше 59. минута кога Абде Езалзули од слободен удар ја погоди пречката. Десет минути подоцна одлична шанса имаше и Џовани Ло Селсо, но неговиот удар го одбрани Јан Облак.
Победата го искачи Атлетико на четвртото место со 19 бода, осум зад лидерот Реал Мадрид. Барселона е втора со 22 бода, додека Виљареал е исто така пред Атлетико со 20 бода. Реал Бетис сега е шести со 16 бода.
Слични новости
Индијана Пејсерс подготвуваат понуда за трејд за Ивица Зубац
Клиперс сезонава имаат многу лош старт со само 6 победи од 24 натпревари, па менаџментот очигледно ќе мора да прави некои промени во ростерот.
Ивица Зубац оваа сезона има просек од 15,9 поени и 11,6 скока по натпревар.
Милан го нуди Нкунку за Левандовски
Милан во претстојниот зимки преоден рок за фудбалерите ќе инсистира да ја зајакне напаѓачката линија на својот тим, а судејќи според написите во италијанските медиуми
Спарс и Тандер во полуфиналето на НБА Купот
Сан Антонио Спарс синоќа ги победија Лос Анџелес Лејкерс во четвртфиналето на НБА Купот, а во полуфиналето ќе играат против Оклахома Сити Тандер, кои беа подобри од Феникс Санс


