Бугарската државјанка инволвирана во сообраќајка со смртен исход, со одземени пасоши, слободно ја премина границата на Македонија со Бугарија и побегна во соседната земја што ја прави Македонија ‘хотел промаја’, соопшти платформата.

Владата на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени?“, се наведува во реакцијата на Платформата.

 

Оттаму побараа оставка од министрите за внатрешни, за надворешни работи и за правда.

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја повикува Европската комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи.

Слични новости

Јотова: Секогаш сме отворени за разговори со Македонија, но без ултиматуми

Јотова: Секогаш сме отворени за разговори со Македонија, но без ултиматуми

Патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија не оди преку ултиматуми и ветувања, потребен е искрен дијалог. Ова го изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова коментирајќи го барањето испратено од македонските власти со кое се бара билатерална средба.