Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“порачаа дека политичките промени во Србија и Унгарија покажуваат дека граѓаните се уморни од традиционалните политички партии, долгогодишните функционери и, како што наведуваат, корупциските профитери.

Во соопштението објавено по изборите во Србија и Бугарија, тие повикаа на вистинско обединување на прогресивната опозиција, поголемо вклучување на младите во политиката и реформи на изборниот систем во Македонија.

Тие им честитаа на граѓаните на Србија за високата излезност, а на студентската листа за изборната победа, оценувајќи дека истрајноста и непосредната комуникација со граѓаните можат да донесат политички промени. Истовремено, изразија надеж за брзо нормализирање на состојбите во Србија по речиси две години протести и политички тензии.

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени