Платата на вработените во Армијата и во одбраната ќе бидат зголемени за 10 отсто од 1 јануари 2027 година, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Министерот Мисајловски рече дека буџетот е поминат на владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 2027 година.

Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата, појасни тој.

 

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи