Пласидо Доминго вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.

Со голем ентузијазам и воодушевување успшено заврши првата проба. Во исклучително инспиративна атмосфера, маестро Доминго ја покажа својата врвна уметност и посветеност, а оркестарот, инспириран од неговото присуство, одговори со извонредна прецизност и емоција, создавајќи атмосфера што го најавува она што ќе биде еден од дефинитивно најспектакуларните концерти во историјата на македонската музичка сцена.
Ова доаѓање не е обичен концерт – ова е историски момент за македонската културна сцена. Гласот што одекнувал низ најпрестижните театри во светот, на 14 март ќе ја исполни сцената во арена „Борис Трајковски“, а енергијата на неговото присуство веќе се чувствува меѓу музичарите и љубителите на операта.
Македонија го дочекува Доминго со восхит, а легендата започнува да ја испишува својата најнова музичка приказна. Се гледаме утре во арена „Борис Трајковски“.
Слични новости
Актерот Џин Хекман и сопругата пронајдени мртви
Легендарниот американски актер Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, соопшти полицијата
Во април премиерата на трилерот Хавок со Том Харди
Трилерот Хавок во кој Том Харди е во потрага по исчезнат син на политичар, премиерата ќе ја има на платформата Нетфликс во април
САД лансираа сателит во мисија за откривање вода на Месечината
Американската агенција за вселенски истражувања NASA лансираше сателит со големина на машина за миење садови во вселената од Флорида за да идентификува каде водата – скапоцен ресурс за лунарни мисии