Пласидо Доминго вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.

Со голем ентузијазам и воодушевување успшено заврши првата проба. Во исклучително инспиративна атмосфера, маестро Доминго ја покажа својата врвна уметност и посветеност, а оркестарот, инспириран од неговото присуство, одговори со извонредна прецизност и емоција, создавајќи атмосфера што го најавува она што ќе биде еден од дефинитивно најспектакуларните концерти во историјата на македонската музичка сцена.
Ова доаѓање не е обичен концерт – ова е историски момент за македонската културна сцена. Гласот што одекнувал низ најпрестижните театри во светот, на 14 март ќе ја исполни сцената во арена „Борис Трајковски“, а енергијата на неговото присуство веќе се чувствува меѓу музичарите и љубителите на операта.
Македонија го дочекува Доминго со восхит, а легендата започнува да ја испишува својата најнова музичка приказна. Се гледаме утре во арена „Борис Трајковски“.
Слични новости
Подароците за Оскари вклучуваат луксузни предмети и помош за закрепнување од пожар
Овогодинешните торбички за подароци на Оскарите се преполни со луксузни производи за нега на кожа, стоки инспирирани од филмови и одмори со пет ѕвезди
Гасна компанија помага во истрагата за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга
Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле мртви веќе извесно време кога нивните тела, заедно со она на нивното куче, биле пронајдени во средата попладнето
Легендарниот американски актер Џин Хекман и сопругата пронајдени мртви
Американскиот актер окаровецот Џин Хекман, неговата сопруга Бетси Аракава и семејното куче беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе