На изборите од половина од мандатот во САД, според прелиминарните резултати Демократите остварија голема победа и во јануари ќе го пресезамт мнозинството и во Конгресот и во Сенатот.

Според првичните проекции Демократите освоија најмалку 227 места во Конгресот, наспроти само 135 на Републиканците, а до крајот на пребројувањето на гласовите тие ќе имаат комотно мнозунство во Конгресот, бидејќи за мнозинство во претставничкиот дом од 435 Конгресмени потребни се 218.

Во трката за Сенатот Демократите освоија намјлку 54 места, а за мнозинство се потребни 51. Истовремено, Демократите освоија и најмногу гувернери.

Тексас и Канзас ги добија првте демократски сенатори по повеќе децении, а лидерот на Демократите во Конгресот Хаким Џефрис би можел да стане првиот Афроамериканец кој ќе биде претседател а Конгресот.

Претседателот Доналд Трамп и лидер на МАГА движењето на својата социјална мрежа го призна изборниот пораз, а за тоа го обвини слабиот одзив на републиканските изборачи. „Да бев јас на гласачкото ливче, ќе победевме ширум цела Америка“ порача Трамп.

Но, аналитичарите сметаат дека токму лидерството на Трамп мобилизираше голем одзив на Демократите што предизвика тежок изборен дебакл на Републиканците.

Слични новости

Рубио до сојузниците: САД во моментов не планираат нови удари врз Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги извести сојузниците на САД дека Вашингтон во овој момент не планира нови напади врз Иран и дека наместо кон воена акција ќе се насочи кон заострување на санкциите и други облици на притисок врз Техеран.