Писмо од композиторот Волфганг Амадеус Моцарт од 1783 година е продадено на онлајн-наддавање на приватен европски понудувач за 440.000 евра.
Продажната цена на ракописот далеку ја надмина почетната цена од 100.000 евра, објави во петокот International Autograph Auctions Europe, со седиште во Малага, јужна Шпанија. Аукциската куќа наведува дека интересот бил голем во САД и Азија.
Писмото на австрискиот композитор до францускиот издавач со германско потекло Жан-Жорж Зибер, напишано на германски, всушност се сметало дека е изгубено, соопшти аукциската куќа. Подоцна било пронајден во семејната архива на издавачот.
Некои истражувачи веруваат дека писмото ги содржи првите траги од познатите моцартнови „Хајденовите квартети“. Во продажба се и композициите на Зибер.
На продажба беше и писмото на Џон Ленон на осум страници, адресирано до музичарот Ерик Клептон од 1971 година, во кое тој предлага да се формира нов „супер бенд“. Сепак, писмото не беше продадено.
„Имаше интерес, но не беше доволно да се даде понуда“, изјави портпаролот на аукциската куќа.
Почетната цена на писмото беше меѓу 80.000 и 100.000 евра.
Слични новости
Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“
Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.
Грета Гервиг разработува идеја за продолжение на Барби
Холивудските медиуми јавуваат дека Грета Гервиг заедно со косценаристката Ноа Баумбах имаат сторија за продолжението на филмот која веќе ја однеле и ја презентирале во студиото Ворнер Брос.
„Ловецот Кравен“ ја имаше најслабата премиера на филм базиран на стрип херој на Марвел
На американскиот Бокс офис трета недела по ред доминираат Моана 2 и Викед, додека филмот на Сони „Ловецот Кравен“, базиран на лик од стрип јунаците на Марвел е на третото место со само 11 милиони долари заработка во премиерниот викенд