Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска изјави дека само единствена Европа може да биде силен и рамноправен актер во меѓународните односи. Таа изрази незадоволство поради што на денешниот состанок во Париз, на кој ќе се разговара за безбедноста и војната во Украина, нема да присуствуваат сите лидери на земјите-членки на Европска унија.
„Со голема загриженост ги следам случувањата поврзани со мировните напори во Украина. Само обединета Европа може да биде силна Европа, а со тоа и рамноправен играч во меѓународните односи. Само Европа која има почит ширум светот како политички, воен, економски и етички играч може да осигури безбедност (на луѓето) дома“, наведе Пирц Мусар.

Додаде дека на почетокот на руската инвазија сите држави од Европа застанале на страната на Украина, но со текот на времето попушта единството, поради што Европа станува ранлива.
„На симболично ниво, организаторите на самитот во Париз му докажуваат на светот дека и во Европа земјите не се третираат подеднакво. Ова не е во духот на процесот на европска интеграција. Тоа не е Европа за која се залагаме. Тоа не е Европа што светот би ја почитувал. Ова не е Европа која би била респектабилен партнер на северноамериканскиот сојузник„, посочи Пирц Мусар.
Нејзината изјава уследи откако претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на состанок на европските лидери, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина. На средбата во Париз ќе присуствуваат британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен.
Исто така ќе учествуваат и претставници од Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска.
Најавата за средбата уследи еден ден откако специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека Европа нема да има место на преговарачката маса.
Слични новости
Романското обвинителство ги приведе десничарски претседателски кандидат
Романското обвинителство во средата го приведе десничарскиот претседателски кандидат Калин Џорџеску на сослушување како дел од пошироката истрага за поништените избори, соопштија судски извори
Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност
На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор
Во куќа во Брчко откриено 31 дете, меѓу кои и бебиња, предмет на трговија со луѓе
. Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела, меѓу кои и трговија со луѓе