Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија Драган Стојковиќ „Пикси“ уште оваа зима би можел да се врати на тренерското столче, два месеци откако даде оставка на функцијата селектор на српската репрезентација.

Руските медиуми пишуваат дека Стојковиќ е најсериозниот кандидат да ја преземе тренерската функција на рускиот клуб Рубин од Казањ.

Еден од неговите конкуренти е поранешниот тренер на ЦСКА Владимир Федотов, но прв кандидат е Стојковиќ.

Рубин е на седмото место по првиот дел од сезоната во руското фудбалско првенство.

Слични новости

Сабаленка прогласена за тенисерка на годината

Сабаленка прогласена за тенисерка на годината

Белоруската 27-годишна тенисерка Арина Сабаленка е прогласена за ВТА играчка на годината откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави во понеделникот управното тело за женски тенис