Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија Драган Стојковиќ „Пикси“ уште оваа зима би можел да се врати на тренерското столче, два месеци откако даде оставка на функцијата селектор на српската репрезентација.
Руските медиуми пишуваат дека Стојковиќ е најсериозниот кандидат да ја преземе тренерската функција на рускиот клуб Рубин од Казањ.
Еден од неговите конкуренти е поранешниот тренер на ЦСКА Владимир Федотов, но прв кандидат е Стојковиќ.
Рубин е на седмото место по првиот дел од сезоната во руското фудбалско првенство.
Слични новости
Челзи прв полуфиналист на англискиот Лига куп
Фудбалерите на Челзи станаа првите полуфиналисти на англискиот Лига куп со победата од 3:1 на гостувањето кај Кардиф
Евролига: Хапоел се зацврсти на врвот, Милан ја прекина серијата на Реал
Хапоел Тел Авив во дербито на колото на домашен терен во финишот ја обезбеди победата против белградска Црвена ѕвезда а крајниот резултат гласеше 84:78
Дембеле најдобар фудбалер годинава во изборит на ФИФА
Францускиот репрезентативец и напаѓач на европски фудбалски шампион на Пари Сен Жермен, 28-годишниот Усман Дембеле, ја освои наградата за најдобар играч на ФИФА оваа година


