Тимот на Денвер Нагетс оваа сезона има големи проблеми со повредите, а најновиот на листата повредени играчи е Пејтон Вотсон, кој играше во одлична форма.
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.
Денвер ќе има огромни проблеми на крилните позиции, затоа што освен Гордон и Вотсон, веќе подолго време од теренот отсуствува и Кем Џонсон, а Јокиќ и Браун се сеуште ровити по повредите.
Слични новости
Крис Пол ја заврши НБА кариерата на 40 години
Торонто Рапторс го отпуштија Крис Пол, јавија американските медиуми и со тоа ја завршија големата кариера на еден од најдобрите плејмејкери во НБА во своето време.
Нов трипл-дабл на Јокиќ за Денвер
Јокиќ постигна 26 коша, 15 скокови и 11 асистенции и сезонава на 39 одиграни натпревари има 20 трипл-даблови.
Томас Тухел го продолжи договорот и ќе биде селектор на Англија до 2028
Германскиот тренер Томас Тухел ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Англија, откако денеска потпиша нов договор до 2028, пренесе фудбалскиот сојуз на Англија.


