Тимот на Денвер Нагетс оваа сезона има големи проблеми со повредите, а најновиот на листата повредени играчи е Пејтон Вотсон, кој играше во одлична форма.

Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.

Денвер ќе има огромни проблеми на крилните позиции, затоа што освен Гордон и Вотсон, веќе подолго време од теренот отсуствува и Кем Џонсон, а Јокиќ и Браун се сеуште ровити по повредите.

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.