Пејтон Вотсон замина од Денвер Нагетс и заврши во Кливленд Кавалиерс во договоор во кој беа вклучени три клуба. Нагетси добија незаштитен пик од првата рнда на драфтот во 2031 од Кливленд како и пик од втората рунда од Сакраменто во 2032, без да добијат ниту еден играч во замена за Вотсон.

Од друга страна Марк Штрус заминува во ЛА Клиперс, а Кливленд во рамките на овој трејд ги испратија Треј Мен во Вашингтон и пик од втората рудна во замена за Камерон Витмор.

Пејтон Вотсон пред четири години беше избран на драфтот од Оклахома како 30-ти пик од првата рунда на драфтот. Тој се истакна како одличен дефанзивец во Денвер, но се повреди во февруари.

Вотсон ја одби понудата од Денвер од 70 милиони долари за нов договор, барајќи повеќе, по што се реализираше неговиот трансфер.

Слични новости

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.