Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон.
Албумот „Brat“, чија насловна стана препознатлива откако кампањата на американската претседателска кандидтка Камала Харис го презеде на социјалните мрежи бидејќи пејачката ја спомна во објавата, победи во престижната категорија Албум на годината.

Charli XCX, која ги предводеше номинациите, исто така, беше прогласена за уметница на годината и најдобар танцов артист.
Нејзиниот сингл „Guess“, на кој учествува и Били Ајлиш, ја освои наградата за песна на годината, победувајќи ги песните како „Now and then“ на легендарните Beatles.
32-годишната поп-ѕвезда го освои своето прво признание на BRIT Awards, за текстописец на годината, претходно оваа седмица.
„Отсекогаш сум се чувствувала како аутсајдер во индустријата, но особено во британската музичка индустрија, па навистина е убаво да се препознае со овој албум“, рече таа при прифаќањето на наградата за албум на годината.
„Само сакам да го споделам ова со сите уметници кои некогаш почувствувале дека мораат да направат компромис за да бидат препознаени и да имаат свој момент на сонце, бидејќи мислам дека сум жив доказ дека можеби ќе потрае долго време, но не мора да ја компромитирате вашата визија“, додаде таа.
Пејачката го издаде својот деби студиски албум во 2013 година. „Brother“ беше нејзиниот шести албум.
На синоќешниот настан џез-квинтетот Ezra Collective беше прогласен за група на годината.

Слични новости
ТВ рејтинзи: Обраќањето на Трамп во Конгресот го следеа 36,6 милиони гледачи
Ова е повеќе од последните три обраќања во Конгресот на неговиот претходник Џо Бајден, но е помалку од обраќањата на Трамп во Конгресот за време на неговиот прв претседателски мандат кои во просек ги гледаа44,3 милиони Американци.
Рик Хофман се враќа во Сјутс ЛА
Актерот Рик Хофман кој го играше адвокатот Луис Лит во деветте сезони на хит серијата Сјутс, ќе се појави и во спин офот на серијата Сјутс ЛА во улога на истиот лик.
Метју Модин прифати улога во новиот филм за Годзила и Кинг Конг
Познатиот актер Метју Модин постигнал договор со студиото Леџендари за да глуми во новиот филм за Годзила и Кинг Конг, чие снимање почнува во април во Австралија.