Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон.

Албумот „Brat“, чија насловна стана препознатлива откако кампањата на американската претседателска кандидтка Камала Харис го презеде на социјалните мрежи бидејќи пејачката ја спомна во објавата, победи во престижната категорија Албум на годината.

Charli XCX, која ги предводеше номинациите, исто така, беше прогласена за уметница на годината и најдобар танцов артист.

Нејзиниот сингл „Guess“, на кој учествува и Били Ајлиш, ја освои наградата за песна на годината, победувајќи ги песните како „Now and then“ на легендарните Beatles.

32-годишната поп-ѕвезда го освои своето прво признание на BRIT Awards, за текстописец на годината, претходно оваа седмица.

„Отсекогаш сум се чувствувала како аутсајдер во индустријата, но особено во британската музичка индустрија, па навистина е убаво да се препознае со овој албум“, рече таа при прифаќањето на наградата за албум на годината.

„Само сакам да го споделам ова со сите уметници кои некогаш почувствувале дека мораат да направат компромис за да бидат препознаени и да имаат свој момент на сонце, бидејќи мислам дека сум жив доказ дека можеби ќе потрае долго време, но не мора да ја компромитирате вашата визија“, додаде таа.

Пејачката го издаде својот деби студиски албум во 2013 година. „Brother“ беше нејзиниот шести албум.

На синоќешниот настан џез-квинтетот Ezra Collective беше прогласен за група на годината.

globe

Слични новости

Шон Диди Комбс се соочува со нови обвинувања пред судењето во мај

Шон Диди Комбс се соочува со нови обвинувања пред судењето во мај

Хип хоп пејачот Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија во кои се наведува дека тој ги принудувал вработените да работат дополнителни работни часови под закана, како и дека принудил најмалку една вработена да се впушти во сексуални односи со него