Патните трошоци на пратениците, поделени на месечно ниво, се поголеми од минималната плата на еден работник, особено во приватен сектор. Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ, претпладнево од блокадата на собранието.

 

„Тврдиме дека 600 евра треба да биде една загарантирана сума под која не смее еден работник да ја добие на месечно ниво, како би можел да го преживее месецот. Видовме дека животот за две години е поскап за 9.000 денари, тоа го покажуваат цените кои секојдневно ги бркаме и мериме по маркетите.

Само за една година е зголемен трошокот за живот на едно семејство за 6.000 денари и затoа бараме итно и неодложно да се стави точката на дневен ред, да се изгласа 600 евра минимална плата и зголемување на сите плати за 100 евра.“

 Тој ги повика пратениците да се одважат, да ја стават точката на дневен ред и да изгласаат ако, како што рече, „сакаат да си обезбедат уште еден мандат“, во спротивно најави секојдневна блокада на улици и институции.

Слични новости

АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна

Муцунски: Над 60 проценти од кандидатите за амбасадори се професионални дипломати

Муцунски: Над 60 проценти од кандидатите за амбасадори се професионални дипломати

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи .