Пет лица се водат како исчезнати, а осум други се повредени откако зграда во која се наоѓал ресторан и други станови беше „целосно уништена“ во пожар во швајцарскиот град Тусис, соопшти полицијата.

Првичните истраги покажуваат дека пожарот избувнал на вториот кат, а причината сè уште се утврдува, соопшти кантоналната полиција на Граубинден.

Полицијата била повикана нешто по полноќ по локално време, а на местото на пожарот  интервенирале речиси 100 пожарникари. По уривањето на скалиштето, покривот морал да биде отворен со помош на кран.

Полицијата соопшти дека 14 лица успеале да избегаат од зградата. Од нив, две се здобиле со тешки повреди, две со повреди од средна тежина, а четири со полесни повреди.

Полицијата и обвинителството ја истражуваат причината за пожарот.

Слични новости

Пентагон испраќа трет носач на авиони на Блискиот исток

Пентагон испраќа трет носач на авиони на Блискиот исток

Пентагон испраќа трет носач на авиони на Блискиот исток додека американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува идните потези кон Иран, вклучувајќи ја и можноста за продолжување на кампањата на бомбардирање по американските избори за Сенатот и Конгресот.

Иран планира нови правила за минување на бродовите низ Ормутскиот теснец

Иран планира нови правила за минување на бродовите низ Ормутскиот теснец

Иранскиот комитет за национална безбедност соопшти дека управувањето со Ормутскиот теснец ќе биде насочено кон безбедноста и заштитата на националните интереси на Иран. Со овој закон на Техеран му се обезбедува контрола и надзор на влезовите и излезите од теснецот.