Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија во заедничко писмо на кое се повикува бриселскиот портал Еуроактив побараа од Европската комисија да го преиспита начинот на кој се вклучуваат потенцијалните членки на Еу од западниот Балкан.

Петте земји наведуваат дека се потребни силни и атрактивни поттикнувања за да се одржи бранот на проширување и да се унапредат европските интеграции, а дека со тоа земјите кандидатки би се држале подалеку од руската сфера на влијание.

Својот модел зе,јите го опишаа како „системска секторска интеграција“ која подразбира проширување на спекаторт на програмите за земјите како Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија со кој земјите кандидати би се приклучувале на единствениот европски пазар поглавје по поглавје, ускладувајќи го обемниот правилник на администрацијата во Брисел.

 

Слични новости

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната.

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.