Вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор од претставници на Службата за воено разузнавање и безбедност за да дадат изјава зошто учествувале на протестите Правда за Фросина и дали тоа значи дека биле против Владата. Ова се случило после првиот одржан протест, објави пратеничката Славјанка Петровска која беше и министерка за одбрана.

„Вчера, неколку вработени, истотака од претставници на Службата, биле опоменати ‘да внимаваат на што ставаат лајк и да не поддржуваат самонаречени жртви’. Во услови на сложени геополитички односи и засилени активности на нашата територија на разузнавачки служби кои не се НАТО членки, чуварот на столчето во министерството за одбрана Мисалјовски вака ги поставува приоритетите. Вака горди не се станува!“, наведува Петровска.
Многу скоро, со име и презиме, ќе ги објавам сите скандали на партиски притисоци врз вработените и професионалците во Министерството за одбрана и Армијата, стои во објавата на Славјанка Петровска.
Слични новости
Бектеши и поранешниот директор на пазарниот инспекторат Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени
Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош
Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени