Амбасадорите на Европската унија потврдија во петокот дека дипломатот од Данска, Петер Соренсен, ќе биде специјален претставник на блокот за олеснување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

 

Соренсен беше избран од високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас да го замени Мирослав Лајчак на таа функција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат конечно одобрение в понеделник, за Соренсен да може да го започне својот мандат на почетокот на февруари.

Мандатот на досегашниот пратеник Лајчак истекува на 31 јануари.

globe

Слични новости

Општ бојкот во петок, од сабота седмичен бојкот на малопродажен синџир во Хрватска

Општ бојкот во петок, од сабота седмичен бојкот на малопродажен синџир во Хрватска

Вечерва завршува еднонеделниот бојкот на три трговски синџири во Хрватска – „Lidl“, „Eurospin“ и „DM“ и три вида производи – кока-кола и други газирани пијалаци, флаширана вода и детергент за миење садови