Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ја потпише документацијата за исплата на со закон предвидените отпремнини за министрите од поранешната влада на Виктор Орбан, предизвикувајќи политички спор кој кулминираше со неочекувани хуманитарни гестови од двете страни.
Маѓар објави дека вкупниот фонд за отпремнини од речиси милијарда форинти (околу 2,6 милиони евра) наместо на поранешните функционери, ќе биде пренасочен во хуманитарни цели.
Во објава на Фејсбук, новата власт директно го прозва Орбан дека според имотниот лист нема речиси ништо на свое име, но имал право на 38 милиони форинти отпремнина според закон што сам го донел, порачувајќи му дека „нема да ги добие“.
Слични новости
Трамп: Војната може да ескалира ако Иран не даде „соодветни одговори“
Ги погодивме многу силно. Можеби ќе треба да ги погодиме уште посилно, но можеби и не“, рече тој, повторувајќи го ставот на неговата администрација за иранската нуклеарна програма.
Мерц им предложи на лидерите на ЕУ Украина да добие статус на придружна членка
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо кое го упати до лидерите на ЕУ предложи на Украина да и се даде статус на придружна членка во унијата, како привремен чекор до членство во ЕУ.
Блумберг: Си го надмудрува Вашингтон и го зацврстува сојузот со Москва
Кинескиот претседател Сисе поотворено настапува како еден од најмоќните актери на светската политика, а неговите средби со Путин и Трамп покажуваат дека Пекинг веќе не сака да биде само посматрач, туку еден од центрите на глобалниот светски поредок.


