Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на американски специјалисти, поради што евентуалната испорака на овие ракети во Киев и нивната употреба би можеле да имаат лош крај, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на брифинг.

„Навистина, работата со вакви сложени ракети ќе бара вклучување на американски специјалисти во процесот во секој случај. Ова е очигледен факт. Ова е споменато и во изјавата на Медведев“, рече портпаролот на Кремљ одговарајќи на барање за разјаснување на објавата на заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, дека испораката на такво оружје би можела „да заврши лошо“ за сите.

Според Песков, секој што има дури и основно познавање на ова прашање е свесен за ова.

Медведев. одговарајќи на изјавата на американскиот претседател дека доколу не се постигне мир во Украина ќе му ги испорача на Киев споменатите крстосувачки ракети за гаѓање чувствителни цели длабоко на руската територија што „лошо ќе заврши по (рускиот претседател Валдимир) Путин,  напиша на социјалните мрежи дека евентуалната испорака на овие ракети во Киев би можела да заврши лошо за сите а особено за Трамп.  Тој нагласи дека е невозможно да се направи разлика помеѓу „Томахавк“ способен да носи нуклеарна боева глава и оној со конвенционална боева глава за време на лет.

Нема конкретни договори за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп, но тој може брзо да се организира, додаде Песков.

-Навистина, судејќи според изјавите на Трамп, тој спомена таква можност (за водење телефонски разговор со Путин). Засега нема конкретни договори за телефонски разговор. Штом се појават, разговорот ќе се одржи. Постојат сите можности за многу брзо организирање на таков разговор – рече портпаролот на Кремљ.

Трамп рече дека пред да донесе конечна одлука за снабдување на Киев со ракети „Томахавк“, најверојатно ќе мора да разговара за ова со Путин.

globe

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа