Перуанската влада се повлекла од планот за намалување на заштитеното подрачје околу древните линии Наска, соопшти во неделара, по критиките за одлуката што би ја направила областа поранлива на влијанието на нерегулираните рударски операции.
Перуанското Министерство за култура соопшти дека веднаш ја враќа заштитената област од 5.600 квадратни километри, која беше намалена на 3.200 квадратни километри на крајот од мај. Владата во тоа време изјави дека одлуката се базира на студии што попрецизно ги обележале областите со „вистинска вредност на наследството“.

Изолираниот регион Наска, кој се наоѓа околу 400 километри јужно од Лима, содржи стотици артефакти од пред шпанската колонизација, а неговото плато е познато по линиите Наска исцртани во земјата. Повеќе од 800 гигантски пустински гравури на животни, растенија и геометриски фигури се создадени пред повеќе од 1.500 години. УНЕСКО ги прогласи за светско наследство во 1994 година.
Комисија од владини претставници, археолози, академици и членови на меѓународни организации, вклучувајќи го и УНЕСКО, ќе работат заедно за да постигнат консензус за иден предлог за зонирање и користење на земјиштето во областа, се вели во соопштението на Министерството за култура.
Властите претходно спроведоа операции против нелегалното рударство во областа.
Слични новости
Акцискиот трилер Балерина со Киану Ривс се доближува до заработка од 100 милиони долари
Шпионскиот акциски трилер доби солидни оценки од публиката и стигна до заработка од 42 милиони долари во САД и 49 милиони долари надвор од Америка за вкупна заработка од 91 милион долари за две недли прикажување.
„Како да го тренирате вашиот змеј“ ќе оствари профит од близу 200 милиони долари во премиерниот викенд
Адаптацијата на филмот од 2010 „Како да го тренирате вашиот змеј“, се очекува да отвори со заработка од 84 милиони долари на Бокс Офисот во САД и близу 200 милиони долари глобално.
Илјадници британски студенти направиле плагијати на своте трудови користејќи вештачка интелигенција
Истражувањето што го спроведе лондонскиот весник гардијан покажа дека илјадници студенти минатите години го злоупотребиле „ЧетЏипити“ и други алатки на вештачката интелигенција, додека другите традиционални начини за пишување плагијати се значително намалени.