Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола изјави дека „се оди лошо“ за неговиот тим, откако изненадувачки загуби од Боде Глимт во Лигата на шампионите. Сити синоќа загуби од норвешкиот клуб со 3:1, а натпреварот го заврши со десет играчи во поле откако црвен картон доби капитенот Родри.

Неочекуваниот пораз на сити во Лигата на шампионите стигна само три дена откако клубот загуби од Манчестер јунајтед со 2:0 во Премиер лигата. Сити има само две победи во последните седум натпревари.

Гвардиола рече дека ништо не е готово во Лигата на шампионите, а напаѓачот Ерлинг Халанд им се извини навивачите на Манчестер сити и рече дека ова што се случува со неговиот тим е срамота.

 

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено