Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ објавува дека главен кандидат за селектор на фудбласката репрезентација на Италија е менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола.
Договорот сеуште не е сигурен, но Гвардиола најави дека летово заминува од Манчестер сити, а претходно изјави дека добро би му дола промена на Апенинскиот полуостров од напорните сезони во Англија во кои е од 2016 година.
На италијанската репрезентација и е потребен целосен ресет, бидејќи одамна не учествувале на некое Светско првенство, а Италијаните посакуваат човекот што ќе ги донесе промените на репрезентативен план да биде Пеп Гвардиола.
Слични новости
Орландо Меџик се пласираше во плеј офот по победа врз Шарлот
Последниот учесник на плеј офот во Источната конференција е тимот на Орландо Меџик кој утринава го победи Шарлот Хорнест во елиминацискиот натпревар од плеј инот со 121:90.
Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс
Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.
Ковентри по 25 години се врати во Премиер лигата
Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.


