Од повеќе делови на Битола деновиве повторно беше видлив облак прашина од одлагалиштето за пепел во РЕК „Битола“. Од Комбинатот потврдуваат дека има непокриена пепел на површина од околу 100 квадратни метри, но велат дека тој простор е неопходен за одвивање на технолошкиот процес.
„Заради силниот ветер присутен деновиве, на одлагалиштето за пепел само од местото каде што во моментот се одлагаше пепел, се забележа издигнување на истата. Веднаш е запрено со одлагањето и се пристапи кон дополнително покривање со земја на одложената пепел“, велат од РЕК.
РЕК „Битола“, најголемиот производител на струја од јаглен во земјава, со години е предмет на критики поради загадувањето и начинот на одлагање на пепелта. Сепак, досега не е утврдена правна одговорност за евентуално загадување на воздухот.
Слични новости
Двајца претставници на ЕСМ сведочеле дека нема штета од зделките со мазутот на РКМ
Помошник директор за производство на електрична енергија и советник за комерцијални работи биле сведоците од ЕСМ кои сведочеле дека државната компанија не претрпела штета од јавните набавки на мазутот за ТЕЦ Неготино, потврди обвинителката Катерина Коларевиќ за Телма.
OJO почна истрага за фемицидот во Битола
Основното јавно обвинителство Битола ќе спроведе истражна постапка против мажот кој си ја уби сопругата во Битола. За 33-годишникот постои основано сомнение дека извршил кривично дело, убиство при вршење семејно насилство
Се повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските за 6.9 %.


