Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа да обезбеди ракети „Tomahawk“ со долг дострел на Украина откако утврдил дека тоа нема негативно да влијае на американските залихи, оставајќи ја конечната политичка одлука во рацете на претседателот Доналд Трамп, објави во петокот CNN повикувајќи се на тројца американски и европски претставници запознаени со ова прашање.

Трамп за време на работниот ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, рече дека повеќе претпочитува да не испорачува ракети на Украина затоа што „не сака да ги даде работите што им се потребни за да ја заштитат својата земја“, како и дека треба да знае против кои цели во Русија ќе ги употреби ракетите за кои Москва предупреди дека ќе претставуваат остра ескалација на војната бидејќи за манипулација со нив е неопходен долги години обучуван екипаж, што го спомена и американскиот претседател, како и сателитско наведување кое го нема Киев.

 

Пред неодамнешната средба на Трамп со Зеленски, на која украинскиот претседател инсистираше да ги добие ракетите за да може поефикасно да ги таргетираат нафтените и енергетските постројки длабоко во Русија.

Ракетите „Tomahawk“ имаат дострел од околу 1.600 километри, а не кои модификации и до 2.400 метри и се движат на ниски височини. Меѓутоа, проблем претставува што за нив е неопходно прецизно марикрање на целта, како и лансери. САД досега ги лансираа од подморници и бродови, но последните години направени и се копнени мобилни лансери но нивниот број според воените експерти не е голем.

Двајца европски претставници за медиумот рекле дека проценката на Здружениот штаб на вооружените сили, ги охрабрила европските сојузници на САД, кои веруваат дека сега Америка има помалку изговори да не ги испорачаат ракетите. Трамп, исто така, само неколку дена пред средбата со Зеленски, изјави дека САД имаат „многу Tomahawk“ што потенцијално би можеле да ѝ ги дадат на Украина, но тогаш рече дека „им се потребни на САД“.

Затоа, американските и европските претставници беа изненадени кога Трамп драматично го смени својот став неколку дена подоцна, велејќи за време на воведниот говор на работниот ручек во Белата куќа со Зеленски дека на САД им „им се потребни“ „Tomahawk“-ите. Потоа, зад затворени врати, му рекол на Зеленски дека САД нема да ги обезбедат, барем не засега.

Одлуката на Трамп дојде еден ден откако разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, кој му рече на Трамп дека овие ракети би можеле да ги погодат големите руски градови како Москва и Санкт Петербург, што нема да има значително влијание врз бојното поле, но непоправливо ќе ги нарушат односите меѓу Русија и САД и ќе ја натераат Москва да одговори со целење на локациите поврзани на кој и да е начин со ракетите „Tomahawk“.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе