План за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгледува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на сегашни и поранешни западни и американски функционери.
Станува збор за можно повлекување на околу една третина од американскиот контингент, односно приближно 25.000 војници, додека некои извори тврдат дека бројката би можела да достигне и до половина од вкупните сили – до 40.000 луѓе.
Доколку тој план се спроведе, тоа ќе биде најрадикалното намалување на американското воено присуство на европскиот континент од крајот на Студената војна, во време кога на континентот има околу 80.000 американски војници.
Намалувањето на силите би ги погодило најмногу Германија, Италија и Шпанија, земјите каде што се наоѓаат повеќето американски бази.
Слични новости
Пожарите во Франција се приближуваат кон градот Бордо
Во Франција е во тек најголемата евакуација на население по Втората светска војна. Иако градоначалникот на Бордо изјави дека самиот град засега не е директно загрозен, бројни населби во неговата околина се целосно евакуирани.
Напредуваат преговорите меѓу Иран и Оман за деблокада на Ормутскиот теснец
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги запре нападите врз Иран за да се овозможи дипломатско решение на судирот. Откако 13 денови по ред Трамп ги одобруваше нападите на американската војска, од петокот Трамп не ја одобрува нивната примена и нареди војската да се воздржи од нови напади.
Бројот на заразени со ебола во Конго надмина 3.000 луѓе, досега се починати 1.354 лица
Здравствените власти на Конго соопштија дека до сега биле забележани 3.075 потврдени случаи на заразата, вклучувајќи 1,354 смртни случаи и 556 излекувани, додека 755 пациенти и натаму се во болница и изолација.

