Пентагон разгледува пренасочување на оружјето наменето за Украина на Блискиот исток, вклучувајќи ги и противвоздушните ракети за пресретнување, за да ги засили американските сили во војната против Иран, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на добро информирани извори.

Конечната одлука сеуште не е донесена, но темпото на војната со Иран, каде што досега се погодени 9.000 цели ги исцрпува залихите на американско оружје.

Пренасочувањето би можело да влијае врз испораките на клучна муниција за Киев, вклучувајќи ги и системите за противвоздушна одбрана кои Украина ги добива од Америка, а трошоците ги финансира Европската унија.

Пентагон веќе го известил Конгресот за можното пренасочување на оружјето, а европските партнери разгледуваат како евентуалната промена би влијаела на нивниот придонес.

Слични новости

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.