Новата национална одбранбена стратегија на САД предупредува дека идните судири би можеле да се водат не само надвор од границите на САД, туку и директно на американска почва, пренесе Фокс њуз.

Во документот изработен од Пентагон се наведува дека американската војска мора да биде подготвена да го одврати противникот и да биде подготвена да изведе решителни операции против цели било каде во светот, вклучувајќи ја и територијата на САД.

Се истакнува дека во последните години е забележан пораст на директните воени закани, вклучувајќи нуклеарни ризици, но и разни облици на конвенционални воени удари. Авторите на стратегијата оценуваат дека глобалното безбедносно опкружување денеска е подинамично, поопасно и помалку попуштливо отколку во претходните децении.

Слични новости