Пентагон и наложи на Централната команда на САД да ги заврши подготовките за можно продолжување на воените операции во Иран, известуваат американски медиуми, наведувајќи дека воените операции би можеле да опфаќаат напади врз енергетски постројки, инфраструктура и нуклеарни објекти.
Инструкциите на Пентагон не содржат конкретен датум за почетокот на нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп сеуште нема донесено конечна одлука.
Тимот за национална безбедност на Трамп се состана во Кемп Дејвид, каде што неколку часови разговараше за војната со Иран, но и за други прашања.
Според американските медиуми преговорите меѓу Вашингтон и Техеран не остварија напредок.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.