Пентагон подготви планови за можно обновување на воените операции против Иран, вклучувајќи и поинтензивни воздушни удари и потенцијално распоредување на американски специјални сили, објави Њујорк тајмс.

Според пишувањето на весникот американскиот претседател Доналд Трамп сеуште не ја донел конечната одлука за следните потези околу Иран.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пред американскиот Конгрес рече дека САД имаат готови планови за ескалација на војната доколку тоа биде потребно, но имаат и опции за повлекување на силите од регионот.

Њујорк тајмс пишува дека една од опциите е дополнително бомбардирање на иранските воени и инфраструктурни цели, додека втората опција предвидува испраќање на специјални единици за преземање на контролата врз нуклеарниот материјал во пострoјката Исхафан.

Официјалeн Техеран порача дека нивните оружени сили се подготвени за одговор на евентуалните нови напади од Америка.

САД во моментов на Блискиот исток имаат повеќе од 50.000 американски војници, два носачи на aвиони, разурнувачи и борбени авиони подготвени за евентуални нови операции против Иран.

Слични новости

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок

Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.

Трамп: Прекинот на огнот во Иран се одржува на апарати

Трамп: Прекинот на огнот во Иран се одржува на апарати

На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апарати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече „ѓубре“ кое што не го дочитал до крај.