По изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена во емисијата „Во Центар“ во која тој го прозва поранешниот претседател Стево Пендаровски дека мешетари во СДСМ,  Пендаровски објави демант на својот профил на Фејсбук.

Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум „мешетарел“ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување.

Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради „квалитетот“ на изворите со кои се дружат – наведе Пендаровски на ФБ.

Слични новости

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски