Њу Орлеанс Пеликанс ја остварија својата петта победа по ред, победувајќи ги Далас Маверикс со 119:113 на домашен терен синоќа. Зајон Вилијамсон придонесе за победата на Пеликанс со 24 поени и девет скока, Дерик Квин додаде 19 поени, 10 скока и шест асистенции, а Садик Беј постигна 19 поени. Њу Орлеанс го решија мечот откако го добија Далас со 40:26 во четвртата четвртина. Ентони Дејвис го предводеше Далас со 35 поени и 17 скока, додека Клеј Томпсон постигна 20 поени, а Купер Флег имаше 16. Откако леј-апот на Брендон Вилијамс му донесе на Далас водство од 98:92, тројката на Беј и тројката на Пул го израмнија резултатот на 6:55 минути од четвртата четвртина. По тајм-аутот на Далас, тројката на Марфи им донесе на Пеликанс прво водство од втората четвртина. Флег погоди две слободни фрлања за да го израмни резултатот на 103:103 пред Вилијамсон да постигне шест поени во серијата на Пеликанс од 10:0. Вилијамсон потоа погоди две слободни фрлања и едно положување зголемувајќи ја разлката на 11 поени на 1:37 минути до крајот.
Детроит Пистонс ги победија Портланд Треил Блејзерс со 110:102 на гостински терен, а Џејлен Дурен учествуваше во победата на својот тим со 26 поени и 10 скока. Аусар Томпсон имаше 18 поени, 12 скока и три украдени атопки, а Пистонс победија по осми пат во последните 10 натпревари. Детроит го заврши натпреварот со серија од 11:2 откако ја испуштија предноста од 21 поен во третата четвртина. Шаедон Шарп постигна 25 поени и имаше пет украдени топки, што е најдобар резултат во кариерата, а Дени Авдија додаде 18 поени, девет асистенции и осум скока за Треилблејзерс, кои ја прекинаа серијата од три победи. Треилблејзерс имаа 19 изгубени топки, додека Детроит имаше само 10.
Голден Стејт Вориорс ги победија Орландо Меџик со 120:97 во Сан Франциско, одмаздувајќи се за поразот во ноември. Стефен Кари го предводеше домашниот тим до победата со 26 поени и шест асистенции. Џими Батлер III додаде 21 поен, а Мозес Муди 20 за Вориорс, чија разлика од 23 поени беше нивна втора најголема во домашен натпревар оваа сезона. За Меџик, Паоло Банкеро беше најдобар со 21 поен, 12 скока и седум асистенции, Дезмонд Бејн постигна 20, а Ентони Блек 19. Голден Стејт, исто така, ги искористи 18-те изгубени топки на Орландо и ги претвори во 21 поен.
Бостон Селтикс ги надиграа Индијана Пејсерс со 103:95 на гостинскиот натпревар, а ја надоместија негативата за 20 поени. Џејлен Браун постигна најмногу поени на натпреварот – 31 поен, а додаде девет скока за Бостон. Индијана, која водеше со 20 поени на почетокот на третата четвртина, беше ограничена на 34 поени во остатокот до делницата и 13 поени во четвртата четвртина. Паскал Сиакам постигна 25 поени за Индијана, а Ендрју Нембхард имаше 20. Бенедикт Матурин додаде 16 поени и девет скока за Индијана, која има пет порази по ред.
Оклахома Сити Тандер останаа единствениот НБА тим без пораз дома откако синоќа ги победија гостинските Мемфис Гризлис со 119:103. Тандер го подобрија резултатот на домашен терен на 14:0, а Гризлис загубија два последователни натпревара и три од последните пет. Оклахома Сити ја презеде контролата со серија од 12:2 што започна кон крајот на третата четвртина и се продолжи во четвртата, зголемувајќи ја својата предност на 18 поени со помалку од две минути до крајот на последната четвртина. Но, Мемфис не се предаде, намалувајќи ја разликата на четири поени со тројката на Кентавиус Колдвел-Поуп со помалку од шест минути до крајот. Тандер одговорија веднаш со последователни тројки на Гилџеус-Александер и Бренден Карлсон и ја зголемија предноста на 10 поени. Таа серија на крајот порасна на серија од 14:2 во која Гилџеус-Александер постигна седум поени и практично ја запечати победата на помалку од две минути до крајот на натпреварот. Шаи Гилџеус-Александер беше најдобар стрелец со 31 поен на кои додаде 10 скока, осум асистенции и четири украдени топки. Џејлен Вилијамс додаде 24 поени за Оклахома Сити, додека Аџај Мичел постигна 16 од клупата. Кај Мемфис, Колдвел-Поуп и Седрик Кауард беа најдобри со по 16 поени.
Денвер Нагетс го отворија домашниот натпревар против Јута Џез со серија од 19:0 и ги победија Јута Џез со 135:112. Џамал Мареј постигна 27 поени за Нагетс, а Никола Јокиќ имаше уште еден „трипл-дабл“ настап – 14-ти сезонава, завршувајќи го натпреварот со 14 поени, 13 скока и 13 асистенции. Денвер погоди 24 тројки од 46 обиди, изедначувајќи го рекордот на франшизата за најмногу постигнати тројки. Тим Хардавеј Џуниор постигна 21 поен за Денвер, а Пејтон Вотсон додаде 20. Јута, која го загуби третиот натпревар по ред, беше предводена од Лаури Марканен со 27 поени. Кејонте Џорџ заврши со 20 поени и седум асистенции, а Јусуф Нуркиќ имаше 17 поени и 14 скока.
Слични новости
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија, додека Болоња, која беше поразена во финалето во Ријад, ќе добие 6,7 милиони евра, објавија италијанските медиуми
Пејн ја напушти НБА, официјално во Партизан
Камерон Пејн, 31-годишен американски кошаркар, ја напушти НБА и ќе го носи дресот на Партизан до крајот на тековната сезона
Александер Исак скршил нога
Напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак, ја скрши ногата во дербито против Тотенхем во саботата и веќе е опериран, објавија „Црвените“


