Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а максималната дневна температура ќе достигне 38 степени.

И во наредниот период продолжува топлото време. Температурите и понатаму ќе бидат високи, а наместа дневната температура се очекува да надмине и 40 степени.

 

Слични новости

Во Македонија активни четири пожари

Во Македонија активни четири пожари

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Денеска намалени гужвите на граничните премини, но сеуште се чека на Табановце и Богородица

Денеска намалени гужвите на граничните премини, но сеуште се чека на Табановце и Богородица

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.