Кина им забрани на своите компании и на другите субјекти да помагаат во спроведувањето на истражните мерки на Европската унија во постапката против кинеската интернет компанија JD.com, оценувајќи дека Брисел ги прекорачува своите овластувања.
Кинеското министерство за правда соопшти дека прекуграничните истражни мерки на ЕУ во постапката која се води врз основа на уредбата за странски субвенции ја оценува како непримерена екстериторијална јурисдикција.
Постапката се однесува на планираното преземање на германската компанија Ceconomy, , сопственик на трговските синџири „МедијаМаркт“ и „Сатурн“ од страна на JD.com. ЕУ покрена истрага откако утврди инцидиции дека кинеската компанија добила даночни олеснувања и државни грантови.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.