Кина денеска соопшти дека продолжувањето на тгровското примирје со САД до 10 јануари ќе им овозможи на двете страни да го проценат спроведувањето на досегашните договори и да разговараат за натамошен напредок во економските и трговските прашања.

Кинеското министерство за трговија наведе дека продолжувањето на трговското примирје обезбедува „релативно стабилно и предвидливо опкружување“ за работење на компаниите и продолжување на преговорите, пренесе Ројтерс.

Во рамките на новиот трговски совет, Кина и САД ќе разгледуваат заемно намалување на царините на стоки во вредност од 30 милиони долари.

Кога станува збор за вештачката интелигенција, ќе биде воспоставен канал за комуникации во случај на инциденти, а разговорите ќе бидат продолжени на крајот на ноември.  

Слични новости

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Цените на енергенсите на европските и американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.