Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.

Портпаролот на кинеската амбасада во САД нагласи дека доследно се придржува на принципот за немешеање во внатрешните работи на други земји. Тој додаде дека Кина никогаш не интервенирала и нема да интервенира на претседателските избори во САД.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање до нацијата изјави дека Кина незаконски собрала податоци за околу 220 милиони американски гласачи и се обидела да влијае на претседателките избори во 2020.

Трамп се повика на документи врз кои администрацијата ја укина тајноста и ги објави на сајтот на Белата куќа.

 

 

Слични новости

Борбата против големиот пожар во Лос Гаљардос во Шпанија во кој настрадаа 12 луѓе, продолжува и денеска

Борбата против големиот пожар во Лос Гаљардос во Шпанија во кој настрадаа 12 луѓе, продолжува и денеска

Гаснењето на големиот пожар во Лос Гаљардос во Шпанија во кој досега загинаа 12 луѓе, продолжува и денеска, јавуваат шпанските медиуми. На пожарникарите и војниците поддршка има дваат дури 32 авиони, што овозможи пожарот натаму да не се шири.

Трамп со порака пред самитот: „Смешно“ е САД да го продолжат едностраниот однос со НАТО

Трамп со порака пред самитот: „Смешно“ е САД да го продолжат едностраниот однос со НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека е „смешно“ САД да го продолжат, како што изјави, едностраниот однос со НАТО и повтори дека Алијансата не била таму кога на Вашингтон му била потребна помош.