Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.

Портпаролот на кинеската амбасада во САД нагласи дека доследно се придржува на принципот за немешеање во внатрешните работи на други земји. Тој додаде дека Кина никогаш не интервенирала и нема да интервенира на претседателските избори во САД.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање до нацијата изјави дека Кина незаконски собрала податоци за околу 220 милиони американски гласачи и се обидела да влијае на претседателките избори во 2020.

Трамп се повика на документи врз кои администрацијата ја укина тајноста и ги објави на сајтот на Белата куќа.

 

 

Слични новости

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.

Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор

Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор

Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека на телевизиските мрежи кои не го емитуваа неговиот говор за безбедноста на изборите во Америка треба да им се одземат дозволите за емитување програма.